-Паппас Пресс-

Информација која сите ги интересира!

Да изгубиш некој што го сакаш? -Тоа е најголема казна

teodoraveterovskakolumnist1Кога почнав да размислувам што да напишам ми доаѓаа неколку „паметни“ почетоци, но решив ете нека биде искрено,од срце. Знаев колку ме сака, колку внимание ми посветува, но сепак си играв со неговото срце. Го лажев дека сум со другари а всушност бев со дечко, му велев нема касно да се враќам, но и самиот тој иако спиеше знаеше дека е 5 часот наутро. Немој многу да пиеш,не ти личи, млада си, убава, паметна… Тој цело време со својот молк ми велеше : „ Мене твоето друштво не ми пречи, но одвои еден саат во денот за да ти покажам дека сеуште те сакам“. Но, не! Тој секогаш ќе биде тука, тој ме чува, ме пази.

Пфф.. Тој никогаш не би ме напуштил. И не го направи тоа. Немаше срце за такво нешто. Бев дел од него, бев неговото добро утро и добра ноќ која ретко му ја кажував. Не, тој никогаш не ми рече ништо, но неговиот молк толку болеше… Како остар меч пробиен низ моите гради… И не можам да дишам. Неговите солзи… Првиот маж кој плачел, за мене. Се случуваше ова неколку години. Без престан. А тој мораше да замине. Не знаеше колку ќе остане, не знаев ни јас. На почетокот ми беше журка. Нема да биде тука, ќе искачам со кого сакам,каде сакам, до колку сакам. Но првиот ден откако замина… Немаше отклучена врата. Сама ја отклучив. Немаше кој да ми рече „добра ноќ“. Не онака како што знаеше тој. Немаше кој да ме бакне за истата таа „добра“ ноќ.

Тука моето друштво не можеше да ми помогне, ниту ниеден од тие дечковци со кои излегував… Се осетив осамена. Сама. Некогаш толку се каравме, а ете денес сама го изедов остатокот од теглата мајонез без да ми побара гриз. Немаше кој да ми рече „Планираш вака да излезеш? Нема да ти биде ладно вечер?“.

За среќа не седеше долго… Десетина дена кои мене ми делуваа многу повеќе… Се врати тато ! Ќе имам со кого да свирам гитара, ќе имам со кого да учам историја, ќе се „бориме“ за мајонезот, ќе го шетаме кучето заедно… Ах, неговото одсуство навистина смени една веќе оформена личност. Сега не го лажам, и кажувам каде одам. Си доаѓам на време. Не заради ситуацијата која предходно ми се случи, ниту заради почитувањето кон него, туку поради себе.

Ме смени иако ни самата не бев свесна за тоа. Навистина. Десет дена? Одмор? Журка? Нее.. Наречете ме татина шмизла, но да не беше тој јас немаше да бидам она што сум денес. Да не беше таа десетдневна работа, јас никогаш немаше да знам што значи да изгубиш некој што го сакаш… Вистински, онака детски, без граници.

Автор: Теодора Монтеки Ветеровска

-ПаппасПресс- целосно ги задржува авторските права на овој текст. Забрането е секакво емитување, копирање (целосно или во делови) без претходна дозвола од редакцијата.

Напишете коментар

Information

This entry was posted on Мај 29, 2013 by in „Прва писмена работа“, Колумни.

Навигација