-Паппас Пресс-

Информација која сите ги интересира!

Лесно е да судиш, но кога ќе доживееш?

teodoraveterovskakolumnist1 Дојде на кафе. Тоа всушност и не личеше на вистинско пиење кафе. Таа повторно седеше спроти мене и плачеше. На свои дваесет години таа седеше и плачеше како мало дете. Немав срце да прашам зошто, и онака претпоставував. Таа беше една млада, паметна, убава, интересна девојка. Но трудна. Денес повторно некој си земал за право да и каже дека е курва. Повторно некој „судија“. Повторно некој кој не ја познава. Некој кој не знае како таа остана трудна. Некој кој не знае дека таа никогаш не беше совршена, но беше приближно до тоа. Таа знае да те ислуша, да почитува, да цени, да биде ЧОВЕК, да биде и девојка и жена и маж и дете… Беше лавица ! Девојка која милион пати паднала во животот и исто толку пати станала. Но, не ! Некоја искомплексирана будала денес ја поминала на улица и онака ладно без да знае како се вика и рекол дека е … Не можам да ги изговорам зборовите на тој човек. Тој не знае како се вика. Не знае дека живее сама. Имаше дома уште двајца „судии“ кои не сакаа да ја сослушаат, и ја исфрлија. Двајца кои не и судеа, и пресудија. Сама, на улица. Тие не знаеа колку и е тешко. Не знаеа дека тоа дете не е грешка. Не знаеа дека таа сакаше, дека веруваше и почувствува вистинска љубов. Вистинска љубов, но од погрешен човек. Го запозна кратко пред тој да се ожени. Можеби месец или два. Но… Таа немаше храброст да побара од него да ја напушти својата вереница, затоа и го проживува ова. Таа го сака тоа дете. И ќе го сака како никој. Тоа дете е плод на нивната љубов. Тој не ја остави сама. Никогаш. Нивната приказна беше скоро совршена. Скоро…

После тој пад, кога го загуби него, единствено нешто што таа ја држеше во живот беше тоа дете. Осудувана од секакви суштества кои некој некогаш ги нарекол луѓе. Луѓе кои никогаш не ја почувствувале љубовта како таа. Некои воопшто не почувствувале љубов. Нивна најголема авантура било одење со точак до продавница! Тие не сакаат, премногу се горди за тоа. И кога ќе се појави некој поинаков… Се осудува.. Вие се осудувате да  ја судите поради тоа? Навистина не знаев дека богови се шеткаат по земјава! Богови со кренат нос и гордост бескрајна. Луѓе кои затвориле срце и уши ама затоа отвориле устаааа…  Да се поправам, богови. Дали вие некогаш сте размислиле дека тоа се случува секому? Дека не бира на кого? Дека дури ни вие, почитувани богови не можете да одлучите тука? Вие величеснствени кои не чекорите по планетава земја туку леткате (најчесто со паметот), дали вие сте размислиле дека може да ви се случи истото тоа на вас? Ах, да… Вие немавте зошто да го правите тоа, па има смртници кои за вас би го направиле… Ама кога тие смртници ќе ви го кажат тоа во лице, едноставно не ви одговара па ги игнорирате.

Сигурно додека го читате ова, па си мислите дека сте обични смртници, но размислете… Никогаш не сте се насмеале на некој кој куца, или на некој кој ви зборува нешто но и самиот тој не знае што? Трудна млада девојка, дечко облечен во розево? Никогаш, ама баш никогаш? И сами знаете колку на светот му треба промена. Замислете се, треба да почне од вас!

Автор: Теодора Монтеки Ветеровска

 

ПаппасПресс- ги задржува сите права врз текстовите објавени на блог сајтот. Најстрого е забрането копирање (целосно или во делови) или емитување на текстот без претходна дозвола од авторите на блогот.

Напишете коментар

Information

This entry was posted on Мај 25, 2013 by in „Прва писмена работа“, Колумни.

Навигација