-Паппас Пресс-

Информација која сите ги интересира!

Колумна: Шоуто мора да продолжи

Шоуто продолжува по секоја цена. Лека полека се отворија картите,
поточно ДУП- овите во кои не сите планови биле врзани со
мегаломанскиот проект ,,Скопје 2014,, лавови, скулптури, споменици, војници, фонтани.
Очигледно тоа не беше доволнопа затоа власта ги почести
скопјани со уште еден проект кој навлегува во старата железничка станица.
Железничката станицакоја повеќе од 40 години е најважен
потсетник на големата трагедија, ќе добие нова намена ќе бид
е ходник за влез вопродавници сендвичари и ресторани. Не се знае што ќе се случи со Музејот на Скопје.
Ако граѓаните на избори им го даваат мандатот, тоа не значи дека им дозволуваат да се однесуваат како
да не се од оваа планета. Но јасно е дека парчето земја еден од
најголемите споменици врзан за спомените на генерации скопјани е една од
последните неизградени локации во центаротна градот.
Не се потресени што мислат граѓаните, не ги интересира ниту стручната јавност
која моли да биде сослушана. Насила се менува ликот
на градот само затоа што некому му е кејф.
Старата железничка станица е заштитен објект но кому музначи тоа.
Нема да ме изненади и фасадата на старата железничка станица

 да ја направат во барок стил. Постојано прашуваатшто е направено за градот во наше
време па јас ќе им  одговорам: Капитални објекти кои се изградени во времето на СДСМ
и коалиционите партнери се новата автобуска станица,
изградба на спортската сала ,,Борис Трајковски,, реконструиран иобновен
Камени мост, мостот кај транспортен центар, изградба на (мостот близнак)
кој ги поврзува општина Аеродром и општина Гази баба, реконструкција
на плоштадот ,,Македонија,, и Ул. Македонија,
уредување на кеј ,,13 Ноември,, изграденаУл.,,Адолф Циборовски,,
изградба на атмосферска канализација во поголемиот дел од градот
и што е најважно оставенаполна буџетска каса без направени долгови.

Пред неколку години Градоначалникот Сокол Митровски
изјави дека ке ги врати моштите на Ѓорче Петров од Софија и ке гисмести
во црквата Св. Петар и Павле.

Но од сето тоа нема ништо, но затоа како утеха
граѓаните на Општина Ѓорче Петров добија 2 споменици на овој револуционер во радиус од 100 метри.
Бидејќи актуелната власт во последниов
период сезанимава со промена на улици и сака да избрише дел од историјата на македонскиот народ именувајќи улици наконтроверзни личности,
како граѓанин на оваа општина им предлагам населбата ,,Дексион,, да се преименува во населба,,Френк Манинг,,
и да му подигнат споменик за да се овековечи за секогаш
неговата добрина и племенитост.
Тоа е најмалонешто што му должиме.
Знам дека не знаете Господа советници од ВМРО ДПМНЕ  кој е овој човек но јас ќе ви кажам.
Френк Манинг е човекот кој што помогна
во изградбата на нас. Ѓорче Петров после катастрофалниот земјотрес,
кој штодолги години соработуваше со скопскиот универзитет, подари повеќе
вредни книги, додели стипендии и финансиска помошза најдобрите
студенти по архитектура. Со еден збор голем добротвор на Скопје. Но јас лично не верувам
дека ќе имате слухи дека ќе го остварите овој предлог.
Единствено што остварувате се ветувањата за близок контакт со народот,
ако се мислина контактот преку скапите медиумски кампањи граѓаните не почувствуваа
никакво подобрување во својот животен стандард од
сите ветувања и успеси на ,,портокаловите,, преродбеници.
Токму поради овој расчекор меѓу ветувањата и
остварувањатазабрзано ја губите довербата кај граѓаните во што
нема да помогнат ни илјадниците лопати и црвени панделки.
ВМРО ДПМНЕ на наредните избори ќе оди
со празни раце а со што ново би можеле да одат на избори, реклами, кампањи,
споменици,чалами и чалами.
Предлагам слоганот на нивната партија да биде ,, Погрешивме, од сега ќе работиме поинаку?”

ПС: Прашање до градските власти: Кој е прогласен за најдобар градоначалник во регионот и пошироко?

Снежана Ангелковска Трајковска

Напишете коментар

Information

This entry was posted on Јули 6, 2012 by in Колумни.

Навигација